Почетна Убавина и здравје„Сите ги имаат овие 2 карактеристики“ – Убавина и здравје

„Сите ги имаат овие 2 карактеристики“ – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Дознајте кои 2 особини им се заеднички

Познатиот руски онколог и имунолог Данил Шепељајев го опишал просечниот профил на лицата кои најчесто заболуваат од рак. Неговиот заклучок се однесува на пациентите во Русија, но како што истакнал, истите работи лесно може да се препознаат и во други земји од регионот.

Шепељајев нагласил дека најзагрозени се луѓето постари од 50 години, кои со години живеат под притисок, во постојан стрес и без можност навреме да му се посветат на сопственото здравје.

Според него, ракот често се појавува кај луѓе кои се исцрпени од хроничен замор, кои се преоптоварени со работа и обврски, а покрај тоа, се соочуваат и со сериозни финансиски проблеми. Сето тоа доведува до тоа намеаат средства ни време за превентивни прегледи и за квалитетна медицинска нега пред да почне болеста да се развива.

Лицата постари од 50 години се изложени на поголем ризик


Поврзани објави

„Типичен пациент со дијагноза канцер е личност, маж или жена, повозрасна од 50 години. Како по правило, тоа е човек со малку искубана коса и испакнати очи, преоптоварен со работа и купишта кредити или долгови. Неопходна му е најевтината терапија, бидејќи не може да си дозволи друга. За жал, тоа честопати се луѓе кои едноставно се занемариле себеси“, истакнал Шепељајев.

Онкологот особено предупредил дека ракот не се развива само како последица на генетски фактори, туку дека во голема мера е поврзан со имунитетот. Кога одбранбените механизми на телото ќе ослабат, телото станува поранливо и помалку способно да го сопре развојот на туморски клетки.

„Ракот е болест која зависи од имунитетот. Кај некои луѓе може да се појави и пред 45-тата година, а некој може да се разболи дури по 80-тата. Сѐ зависи од функцијата на антитуморските компоненти во телото“, нагласил тој.

Шепељајев додал дека токму затоа важно е да се следи здравјето и редовно да се контролира имунитетот, бидејќи превентивните мерки и навремената дијагностика можат значително да го намалат ризикот од тешки последици. Експертите советуваат покрај на здравата исхрана и на физичката активност, да се обрне особено внимание и на намалувањето на стресот и зачувувањето на менталното здравје. Бидејќи, како што вели докторот, „игнорирањето на сопствените потреби најчесто има своја цена“.