Почетна ЕкономијаЧетиричасовен прекин на работата на контролорите на летање во Грција в четврток

Четиричасовен прекин на работата на контролорите на летање во Грција в четврток

од nenad
1 минути читај за

Со четиричасовно запирање на работата, од 9:30 до 13:30 часот по локално време, раководството на Здружението на контролори на летање на Грција ги повика своите членови да се приклучат кон 24-часовниот штрајк кој за четврток го организира Федерацијата на вработените во државниот сектор, пренесе дописничката на МИА од Атина.

За време на четиричасовниот прекин на работата се очекуваат потешкотии во авиосообраќајот од и до Грција, имајќи предвид дека ќе бидат одобрени само неколку летови за задоволување на основните потреби на заедницата.

Имено, дозволени ќе бидат: летови кои минуваат над ФИР Атина (грчкиот воздушен простор); летови кои пренесуваат шефови на држави и премиери; летови на грчкото воено воздухопловство, кои учествуваат во оперативни мисии и планирани вежби; летови на авиони кои се наоѓаат во невообичаени ситуации или се во итна состојба; медицински летови, летови со хуманитарна помош, како и летови на авиони за пребарување и спасување.