Почетна Убавина и здравјеГо запалила Инстаграм! – Убавина и здравје

Го запалила Инстаграм! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Софија Вергара решила да се пофали со своето затегнато тело

Ѕвездата од ТВ-серијата „Модерно семејство“, Софија Вергара (52), споделила провокативно видео од Ибица. Актерката се сончала и така го прославила Меѓународниот ден на бикините. Вергара на социјалните мрежи позирала само во долен дел од минијатурно бикини, покажувајќи ја својата атрактивна става.

„Манифестирам да изгледам како Софија Вергара на тие години“, напишала една корисничка на социјалните мрежи.

Колумбиско-американската актерка очигледно ужива во животот додека престојува на ова омилено летувалиште на славните.

Ден претходно била фотографирана како пристигнува на опуштена прослава по повод Денот на независноста на САД, во друштво на актерките Кејт Хадсон и Дакота Џонсон и поранешниот фудбалер Том Брејди.

Вергара подоцна споделила и видео во кое се гледа како се забавува на настапот на Келвин Харис во познат клуб на отворено. Објавила и видеа на кои танцува со наводниот љубовник Даг Чабот, кому му се заблагодарила што ѝ исполнил едно животно искуство од листата на желби. Се шушка дека тие двајца се заедно уште од мај.


Поврзани објави

Инаку, Софија никогаш не се придржувала до строги диети или напорни режими на вежбање. Наместо тоа, нејзиното мото е едноставно:

„Ни премногу храна, ни премногу вежбање, сè умерено“.

Како што тврди, тоа е тајната на нејзината виталност и добра форма.

Својот ден го започнува со здрав појадок што со години не го менува: мешавина од овесни снегулки, грчки јогурт, чиа семе, ореви и боровинки. Тоа ѝ дава енергија и чувство на ситост без да ја прејаде. Ручекот ѝ се заснова на лесни протеини, како што се рибата и свежата салата, додека вечерата ѝ е уште поедноставна: суши, интегрален ориз, зеленчук готвен на пареа и немасно месо.

ФОТО: ИНСТАГРАМ