Наоми Кембел денес е здрава жена и посветена мајка, а својата става ја покажала за време на годишниот одмор
Тешко е да се поверува дека Наоми Кембел има 55 години, особено кога ќе ги погледнеме нејзините нови фотографии во бикини. Додека одморала на Ибица, супермоделката Наоми Кембел ја покажала својата става на која би можеле да ѝ позавидат и 20-годишни девојки.
Но ставата и изгледот од соништата не се случиле сами по себе. Наоми, која годинава наполнила 55 години, покажала како носи костим за мускулна стимулација додека вежба реформер-пилатес.
Наоми не го крие фактот дека вежба и дека многу вложува за да изгледа добро, а нејзиниот напор и тоа како се исплати.
Поврзани објави
Како живее жената која има сѐ во животот?
Наоми е позната како една од побогатите супермоделки, бидејќи паметно ги инвестира заработените пари. Така, неодамна го продуцирала филмот Invisible Beauty за Бетан Хардисон, кој бил прикажан на фестивалот Санденс во 2023.
Од 2023 година ангажирана е како советничка во музичката компанија „Гама“, а постојано се занимава и со филантропија и активизам.
И покрај богатата кариера, Наоми не го занемарила приватниот живот. Иако нема партнер во животот, таа сепак добила две деца со помош на сурогат-мајка. Имено, во мај 2021 година добила ќерка, а во јуни 2023 година добила син.
ФОТО: Инстаграм