Тодоровиќ изјави дека нема ништо против девојките кои се одлучуваат на тоа, но тврди дека никогаш не би отишла „под нож“.
Пејачката Милица Тодоровиќ секогаш отворено зборувала за пластичните операции. Еднаш призна дека го оперирала носот, но причините биле од здравствен карактер.
Иако нема ништо против естетските интервенции, Милица истакна дека никогаш не би си ставила силикони, и дека ги сака своите мали гради.
Не кукам што имам мали гради, ги сакам такви какви што се! Нема потреба да ставам силикони. Само што ќе помислам дека треба да се сечат градите на место каде што се наоѓаат жлездите, а некогаш треба да дојам дете, ми се превртува желудникот. Немам сила за тоа“ – вели Милица.
Додава дека нема ништо против жените да одат кај пластичните хирурзи:
Поврзани објави
Не сум против силиконски гради. Ако жената навистина треба да ги зголеми градите и не е задоволна со својот изглед, тогаш треба да го направи тоа“.
Пејачката откри и како се шегува на своја сметка кога се во прашање малите гради.
Ми велат: „Ајде Милице, ние ќе ти платиме за едниот силикон, а ти за другиот“. Еден клавијатурист кој со години работи со мене еднаш ми рече: „Леле, ајде Милице, стави малку нешто во градите за да изгледааат како што треба..“. На тоа само се смеам“ – изјави во ТВ емисија.
Фото: Инстаграм
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: