Познатиот музичар и неговата сопруга Џенана управуваат со фирми и недвижности вредни милиони евра во срцето на француската престолнина.
Горан Бреговиќ поседува два стана и три компании во Париз со необични имиња „Тетак“, „Тетка“ и „Туке“. Недвижностите се во 10. арондисман, каде квадратот чини и до 15.000 евра.
Во „Тетка“ директорка е Џенана, жена му, со капитал од 1.044.000 евра, а „Туке“ располага со три парцели во Париз, заедно со ќерките Ема, Уна и Лула.
„Тетак“, најстарата фирма, е основана во 1994 година. Денес седиштето ѝ е близу вториот стан на семејството.
Сосетката Селин вели дека Горан е почитуван, но ретко во Париз, додека Џенана таму живее постојано и често патува до Белград.
printskrin Youtube – FACE HD TV goran bregovic