Пејачката откри дека поранешниот дечко ја спречува да заработува од нејзини албуми.
Гоца Тржан потврди дека нема права да заработува од два албума кои ги објавила продукциската куќа на нејзиниот поранешен дечко. Тој ги користи своите авторски и сопственички права за да ги спречи песните да се појават во дигитална форма.
Пејачката вели дека албумите се финансирани од него и дека по нивниот бурен распад немала намера да ги објавува без дозвола.
Поврзани објави
Тогаш не знаевме што потпишуваме ниту какви права имаме. Кога албумот ќе излезе, станува сопственост на продукциската куќа и само тие можат да го стават на платформите“, изјави Гоца.
Иако ситуацијата ја разочарала, таа нагласува дека од тоа извлекла важна лекција – секогаш внимателно да ги чита и разбира договорите пред да ги потпише, без оглед на довербата во соработниците.
printskrin Youtube – sikter tv goca trzan