Наскоро излегува документарец за контроверзниот рапер Канје Вест и судејќи според најавите, ќе биде вистински блокбастер
Во новиот документарец „Во чие име?“, раперот Канје Вест се отвора како никогаш досега.
Трејлерот што беше објавен неделава, започнува со напнат дијалог со неговата тогашна сопруга Ким Кардашијан, која со солзи во очите вели:
„Твојата личност не беше ваква пред неколку години.“
Канје Вест одговара дека не зел лекови пет месеца, а потоа додава:
„Попрво би бил мртов отколку на лекови.“
Поврзани објави
Филмот, исто така, бележи посреќни моменти кога бил со неговите четири деца и Ким, како на пример во авион или за време на неговата позната велигденска служба на фестивалот Коачела во 2019 година, кога не можел да ги задржи солзите.
Документарецот, во режија на Нико Балестерос, ги прикажува последните шест години од неговиот живот – од неговите лични борби и семејни односи до неговите јавни контроверзии и политички амбиции.
Во него раперот зборува и за своето ментално здравје, за погрешната дијагноза дека има биполарно нарушување, како и за своето уверување дека е аутистичен и одбива да му дозволи некому да му кажува што да прави.
Сепак, филмот нема намера да ѝ наметнува заклучоци на публиката, туку ѝ дозволува самата да го извлече. Премиерата е закажана на 19 септември 2025 година во повеќе од илјада американски киносали, а веруваме дека ќе ѝ биде интересен и на нашата публика.
ФОТО: Јутјуб