Инфлуенсерката отворено призна дека по празниците забележала вишок килограми и веднаш донела важна одлука
Инфлуенсерката Луна Ѓогани отворено зборуваше за приватниот живот и семејната атмосфера во својот дом, осврнувајќи се и на тоа како поминале празниците. Таа истакна дека традицијата има големо значење за неа и дека ужива во тоа што своите деца ги учи на вистински вредности и обичаи.
Луна откри дека празниците ги поминале дома, во топла и исполнета семејна атмосфера. Заедно со своите ќерки правеле чешница и поминувале време во заеднички активности, за што таа е исклучително благодарна. Како што вели, токму тие моменти ја исполнуваат и ѝ даваат смисла.
Сепак, по празничната еуфорија следувало и мало разочарување. Луна признала дека по празниците застанала на вага и забележала дека има неколку килограми повеќе, што ја налутило и мотивирало да преземе конкретни чекори. Таа веднаш ги исфрлила слатките и повторно започнала со пилатес.
Иако нејзините следбеници тврдат дека вишок килограми воопшто не се забележува, Луна нагласува дека најважно ѝ е како се чувствува во својата кожа. Таа истакна дека работи на себе секојдневно, грижејќи се за менталното здравје, семејството и личното задоволство, бидејќи само така може да биде најдобра верзија од себе – и за себе и за своите деца.
printskrin youtube – luna dzogani – blic tv