Почетна Убавина и здравјеБрзо јадење, полно со вкусови! – Убавина и здравје

Брзо јадење, полно со вкусови! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Совршено летно јадење кое лесно се приготвува во едно тавче

Летната манџа со јајца е вкусно и едноставно летно јадење кое се приготвува од кромид, пиперка, домати и јајца. Сѐ се приготвува во едно тавче, а резултатот е лесен и вкусен оброк, кој е одличен за ручек или вечера.

Состојки:
  • 4 поголеми пиперки
  • 4 средни зрели домати
  • 1 поголема главица кромид
  • 3-4 јајца
  • 2-3 лажици масло
  • сол по вкус
  • бибер по вкус
Приготвување:


Поврзани објави

Ситно исечкајте го кромидот. Исчистете ги пиперките од семки и исечкајте ги на ленти или коцки. Доматот излупете го и исечкајте го на коцки.

Во поголемо тавче загрејте масло и пропржете го кромидот околу 5 минути, додека стане мек и стаклест. Додајте пиперка и динстаје со повремено мешање, околу 15 минути, додека целосно омекне.

Додајте исечкан домат, посолете и забиберите по вкус. Продолжете да готвите на средна температура додека омекне доматот и вишокот течност испари.

Изматете јајца со прстофат сол. Сипете ги преку приготвениот зеленчук и мешајте 2-3 минути додека јајцата се стегнат до посакуваната густина.

Послужете ја летната манџа топла со свеж леб, сирење или кисело млеко. По желба, можете да посипете ситно сечкан магдонос за дополнителна свежина.