Овој пат, во интервју, за прв пат отворено проговори за односот со неговите родители, кој, како што рече, е одличен и полн со разбирање.
Катерина Грујиќ конечно ја крена завесата и откри нешто што со години вешто го сокриваше – нејзиниот однос со свекорот и свекрвата. Во искрен разговор, популарната пејачка без двоумење истакна дека се смета себеси за најдобрата снаа – и тоа не без причина.
Таа веќе четири години ужива во бракот со фудбалерот Марко Гобељиќ, а во медиумите често зборува за нивната љубов и складен живот. Овој пат, во интервју, за прв пат отворено проговори за односот со неговите родители, кој, како што рече, е одличен и полн со разбирање.
Поврзани објави
Јас сум најдобрата снаа, за посакување. Сè знам да зготвам, го чувам сопругот, сакам да чистам и средувам, но не заради други, туку заради себе. Свекорот и свекрвата самите велат дека сум најдобрата снаа“ – истакна Грујиќ, со насмевка.
Новинарска екипа ја сретна на свадбата на Зорица Брунцлик и Миролјуб Аранѓеловиќ Кемиш, каде што откри уште еден дел од нејзината филозофија за успешен брак. Таа посочи дека денешната младина пречесто губи трпение и дека клучот е во меѓусебна поддршка и почитување.
printskrin Youtube – televizija E katerina grujic