Почетна Убавина и здравјеОбјави нежни семејни моменти (ФОТО) – Убавина и здравје

Објави нежни семејни моменти (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Новинарката и водителка на МТВ, Александра Јовановска, сподели фотографии од првиот семеен одмор со синот Лука и партнерот Ангел Здравковски.

Новинарката и водителка на МТВ, Александра Јовановска, сподели фотографии од првиот семеен одмор со синот Лука и партнерот Ангел Здравковски.

На фотографиите се гледа малиот Лука како ужива покрај море, во базен и во прегратките на своите родители, додека семејството ги користи последните летни денови за заеднички моменти.

Александра стана мајка на 10 ноември 2025 година. За време на бременоста не споделуваше детали во јавноста, а првите фотографии со синот ги објави на Нова година.


Поврзани објави

Јовановска и Здравковски се заедно повеќе од 20 години. Ангел е музички продуцент и диџеј, познат под името Spirit Architect, а има настапувано и надвор од земјата.

Александра во интервју од 2024 година зборуваше за нивната врска и откри дека се запознале преку заеднички пријатели. Таа тогаш го опиша Ангел како нејзина најголема поддршка и човек кој ја инспирира секојдневно.

Денес, покрај долгогодишната љубов, двајцата ја делат и најважната семејна улога – како родители на малиот Лука.

Screenshot youtube