Познатата пејачка без влакна на јазикот зборуваше за одлуката на својата блиска пријателка и како тоа ќе ѝ го промени животот.
Јована Пајиќ конечно проговори за заминувањето на долгогодишната пријателка Марија Шерифовиќ од музичкото шоу „Ѕвезди на Гранд“. Таа изјави дека ѝ е драго што Марија решила да се посвети на она што сега ѝ е најважно – времето со нејзиниот син.
Нивното блиско пријателство е познато во јавноста, а честопати предизвикува и коментари и гласини за нешто повеќе од другарство – нешто на што двете со насмевка одговараат. Сепак, Јована потенцира дека оваа одлука на Марија е сосема природна и одамна планирана.
Поврзани објави
Тоа беше завршен циклус, особено по заминувањето на Сале. Таа тоа одамна го имаше во план, но со неговото заминување сѐ си дојде на свое. Сакаше да се посвети на детето и сега тоа ѝ е приоритет“ – изјави Пајиќ за домашните медиуми.
На местото на Шерифовиќ во жирито доаѓа Дара Бубамара, додека шоуто го напуштија и Драган Стојковиќ Босанац и Вики Миљковиќ. Очигледно, „Ѕвезди на Гранд“ влегува во нова фаза со сосема ново лице на сцената.
printskrin Youtube – blic tv MARIJA SERIFOVIC