Почетна ЕкономијаВремето: Денес до 43 степени, од утре промена со дожд и грмежи

Времето: Денес до 43 степени, од утре промена со дожд и грмежи

од nenad
1 минути читај за

По неколкудневниот период на сончево и исклучително жешко време, со високи температури кои надминуваа 43 степени, УХМР за утре предвидува пад на температурите под 38 степени и појава на нестабилност на одредени места, проследена со силен дожд и грмежи, особено во вторник.

За денес повторно се најавуваат температури во распон од 36 до 43 степени. Во Скопје, температурата ќе достигне 43 степени, а УВ индексот ќе изнесува девет.

“Утре во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.” Од понеделник ќе настапи позначајна промена на временската ситуација.

Ќе преовладува променливо облачно, нестабилно и посвежо време со можност за повремени локални врнежи од дожд, на некои места обилни и проследени со грмежи, особено во вторник.

“Дневната температура ќе биде во опаѓање и до средината на следната седмица се очекува да опадне за 8 до 10 степени во споредба со денешната.”

ев/ац/ФОТО: Архива

Извор: МИА