Фотографии од куќата на Иво Андриќ во Травник предизвикаа лавина негативни реакции
Пејачката Северина Вучковиќ повторно е во центарот на контроверзијата откако на социјалните мрежи сподели фотографии од својата посета на родната куќа на Иво Андриќ во Травник. Оваа објава предизвика жестоки реакции и лавина осуди од страна на дел од јавноста.
Северина, која најави концерт во Травник на 9 август, напиша дека била воодушевена што токму во куќата на нобеловецот се одржала прес-конференцијата.
Шетав низ куќата каде што се родил Иво Андриќ… Вау, вау, вау! Не знаев дека ќе бидеме таму, срцето ми беше полно“ – напиша таа на Фејсбук.
Меѓутоа, нејзиниот опис „мојата штикла во срцето на Босна“ и самото присуство во домот на српскиот книжевен великан беа остро критикувани.
Поврзани објави
Коментарите како:
„Иво Андриќ се превртува во гробот“, „На фуфата да се забрани влез“ и „Усташите немаат место во куќата на српскиот нобеловец“ го преплавија Интернетот.
Ова не е првпат Северина Вучковиќ да биде цел на критики заради нејзиниот став по одредени политички прашања. Сепак, таа сè уште не се огласила со одговор на бурните реакции што ги предизвика нејзината објава.
printskrin Youtube-gloria severina