Колеги згрозени од инцидентот на концертот за Српската Нова година
Композиторот Александар Милиќ Мили откри дека стапил во контакт со својата колешка Ана Бекута, по непријатниот инцидент што таа го доживеа на концерт во Чачак. Пејачката беше нападната за време на настапот за дочекот на Српската Нова година, кога група блокадери ја гаѓале со снежни грутки и леденици, што предизвика реакции во јавноста.
Мили изјави дека разговарал со Бекута и дека таа, и покрај сè, е во добра состојба. „Се слушнав со Ана. Добро е, зошто да не биде добро“, кратко порача тој, нагласувајќи дека таа се справува достоинствено со случувањата. Неговата изјава донесе одредено олеснување кај фановите и колегите.
Поврзани објави
Инцидентот предизвика бројни реакции и осуди од естрадната сцена. Многу познати личности јавно го осудија нападот, потенцирајќи дека ваквите постапки немаат место во општеството, особено кога станува збор за јавни културни настани.
Меѓу оние што реагираа беше и поранешната водителка Кристина Кија Коцкар, која изрази згрозеност од случувањето. Таа остро го осуди секој вид насилство и порача дека ваквите инциденти не смеат да се оправдуваат под никакви околности.
printskrin youtube – HAPPY TV – BEKUTA