Со особено задоволство Евент продукција го најавува првиот концерт на Пеѓа Јовановиќ и неговиот Big Concert Orchestra во Скопје!
Концертот ќе се одржи во четврток, 15-ти мај, во С.Ц. „Јане Сандански“ со почеток во 20 часот. Пеѓа Јовановиќ, човекот кој наместо со скандали и медиумски афери само со своите песни и емотивните изведби на неговите концерти буди море од чувства, дефинитивно прераснува во еден од најпопуларните и најбараните пејачи во последниве неколку години.
Во 2023 година, Јовановиќ го издаде својот прв албум „24/7“ со 10 песни, секоја од нив придружена со видео спот. Песните од албумот остануваат на врвот на музичките листи и по една година од издавањето, потврдувајќи го неговиот статус како музичка икона. По издавањето на албумот, следуваа осум распродадени „МТС сали“ во 2023 година и три распродадени „Сава Центри“ во 2024 година, покажувајќи ja наклонетоста кон неговите песни на неговата публика.
Поврзани објави
Успехот на Пеѓа Јовановиќ се должи не само на неговите авторски песни, туку и на извонредните преработки на песни од неговите колеги, кои добиваат нов живот преку неговиот уникатен, оригинален и суптилно емотивен стил на нивна изведба.
На 15-ти мај подгответе се за вечер исполнета со емоции, љубов и незаборавни хитови кои харизматичниот пејач со моќен вокал и уникатна енергија, ќе и ја донесе на својата публика во македонската престолнина. Очекувајте ноќ исполнета со најголемите балади и енергични песни кои ја освоија публиката ширум Балканот, како и специјални музички изненадувања, како негови гости на скопскиот концерт.
Влезниците се во продажба преку www.vleznica.mk – резервирајте на време и бидете дел од едно од најголемите музички случувања оваа пролет! Пеѓа Јовановиќ во Скопје – таму каде што срцето пее… Бидете и вие дел!!! Не пропуштајте ја оваа музичка вечер исполнета со магија која ветува единствено и незаборавно доживување кое потоа долго се прераскажува!
Фото и текст: ПИАР