Здравиот и вкусен летен ручек мора да подразбира тиквички, кои заситуваат, не се калорични, а содржат многу влакна и витамин Ц
Ви даваме два предлога за ручек за викенд, на кои никој нема да може да им одолее. Со овие оброци од тиквички задолжително послужете доматна салата и некој добар интегрален леб. Уживајте во здравиот оброк!
Потпечени тиквички со сирење и јајца (брза мусака)
Состојки:
- 2 поголеми тиквички
- 3 јајца
- 150 г фета или младо сирење
- 2 лажици павлака или јогурт
- маслиново масло
- сол, бибер, сув зачин
Приготвување:
Измијте ги тиквичките и исечкајте ги на тенки кругови (може и рендани ако сакате да се претопат во јадењето). Посолете ги и оставете ги 10 минути да пуштат вода, па исцедете ги. Во чинија изматете јајца, додајте здробено сирење и павлака, зачинете по вкус. Во огноотпорен сад наредете ред тиквички, прелејте со смесата од јајца и сирење и продолжете така додека потрошите сѐ. Завршете со преливот и на врвот можете да посипете малку рендан кашкавал. Печете во рерна на 200 степени околу 30 минути додека зарумени.
Поврзани објави
Послужете со сезонска салата или парче леб.
Тестенини со тиквички и лук (вегетаријанско, лесно)
Состојки:
- 1 средна тиквичка
- 1 чешне лук
- 150 г тестенини
- маслиново масло
- пармезан или друг тврд кашкавал
- сол, бибер, лимонов сок, магдонос (по желба)
Приготвување:
Исечкајте ги тиквичките на тенки стапчиња или изрендајте ги. Сварете ги тестенините во солена вода и исцедете ги. На тавче загрејте малку маслиново масло, додајте ситно сечкан лук и тиквички. Пржете кратко додека омекнат тиквичките (5-7 минути). Додајте ги сварените тестенините, промешајте, зачинете по вкус (сол, бибер, малку лимонов сок). Посипете со рендан пармезан и свеж магдонос.
ФОТО: Pixabay