Почетна Убавина и здравјеЛила Филиповска си ја отвори душата на ПРОФЕМИНА 2026 – Убавина и здравје

Лила Филиповска си ја отвори душата на ПРОФЕМИНА 2026 – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



„И гол да прошета некој, нема да му обрнат внимание, само ќе си продолжат понатаму“ – со оваа искрена и впечатлива мисла, Лила Филиповска привлече внимание за време на своето гостување на ПРОФЕМИНА 2026, каде што зборуваше отворено, без задршка и без потреба да ги разубавува своите ставови.

Познатата водителка и медиумска личност застана пред публиката со поинаква приказна – лична, непосредна и искрена. Под мотото „Нешто што не сум го кажала“, таа сподели размислувања што ја откриваат и нејзината човечка страна, надвор од телевизиските камери и јавната слика што со години ја гради пред публиката.

Една од пораките што особено се издвојува е дека често премногу се грижиме за тоа што ќе помислат другите, иако реалноста е дека луѓето најчесто се преокупирани со сопствениот живот. Дури и кога мислиме дека сите нè гледаат и нè проценуваат, светот продолжува да се движи – секој со своите грижи, планови и приоритети.

Токму ваквите искрени моменти ја прават вредна средбата со личности кои публиката ги познава од јавната сцена, но ретко има можност да ги слушне во вакво непосредно издание.


Поврзани објави

Погледнете го видеото од гостувањето на Лила Филиповска на ПРОФЕМИНА 2026 и дознајте што е она што досега не го кажала јавно.

Видео: Yotube