Почетна ЕкономијаТрипуновски: Поддршка за кампањата „Македонско најдобро“ од земјоделците, задругите и преработувачите

Трипуновски: Поддршка за кампањата „Македонско најдобро“ од земјоделците, задругите и преработувачите

од nenad
1 минути читај за

Синоќа од Новаци, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, ги повика сите фармери, земјоделски кооперативи и преработувачи да се пријават на дигиталната платформа www.makedonskonajdobro.mk со што ќе дадат поддршка на кампањата „Македонско најдобро”.

“Нашата цел е јасна, наместо да увезуваме, да избираме домашни земјоделски производи и преработки,” изјави Трипуновски, кој беше присутен на Фестивалот на жетвата во општина Новаци.

Тој исто така истакна дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ќе продолжи да ги поддржува традиционалните случувања и манифестации, бидејќи преку нив се сочувува нашето наследство и се унапредува локалниот туризам.

МЗШВ вчера официјално ја започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”, која има за задача да го поттикне домашното земјоделско производство и да ја зголеми свеста за вредноста на македонските земјоделски производи.

Примарните цели на кампањата се: развој и унапредување на домашното земјоделско производство, обезбедување напредок на руралните области, зголемување на свеста за квалитетот, оригиналноста и важноста на домашните производи, како и овозможување поедноставен пристап на граѓаните до домашните земјоделски производи и преработки.

мч/лв/фото: ФБ на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Извор: МИА