Table of Contents
Брзи, вкусни и економични оброци се она што се бара во текот на работната недела, а нашите предлози ќе ви дадат идеја што да готвите и јадете
Ручек што се приготвува за 15 до 30 минути е она што ви треба во текот на работната недела. Ова се нашите предлози што сигурно ќе ви станат омилени…
Пилешко со павлака и печурки
Потребно време за приготвување: 25 минути
Состојки:
- 2 пилешки филеа
- 200 г шампињони
- 1 чаша павлака за готвење
- 1 кромид
- сол, бибер, малку маслиново масло
Приготвување:
Исечкајте ги кромидот и печурките и пропржете ги на малку масло. Додајте го пилешкото исечкано на ленти. Динстајте додека зарумени. Додајте павлака, зачини и гответе уште 5-10 минути. Послужете со ориз, пире од компир или тестенини.
Брзи тестенини со туна
Потребно време за приготвување: 20 минути
Состојки:
- 250 г тестенини
- 1 конзерва туна во сопствен сок
- 2 чешниња лук
- маслиново масло, магдонос, сол, бибер
Приготвување:
Сварете ги тестенините. На маслиново масло пропржете го лукот. Додајте туна и зачини. Додајте ги тестенините и магдонос, промешајте и послужете.
Јајца на мексикански начин
Потребно време за приготвување: 15 минути
Поврзани објави
Состојки:
- 2-3 јајца
- 1 домат (или неколку лажици пасиран)
- малку кромид
- грав од конзерва (по желба)
- чили или луто пиперче (по вкус)
- тортилји или потпечено лепче
Приготвување:
Пропржете го кромидот, додајте домат и чили. Додајте јајца, посолете малку и поклопете ги за да се испржат на пареа. Послужете ги преку тостирани тортилји со грав или авокадо.
Потпечени тиквички со сирење
Потребно време за приготвување: 30 минути
Состојки:
- 2 тиквички
- 100 г сирење (фета, кашкавал или моцарела)
- 2 јајца
- малку павлака
- сол, бибер
Приготвување:
Исечкајте ги тиквичките на крукчиња и посолете ги. Наредете ги во плех, прелејте ги со изматени јајца, павлака и рендано сирење. Печете ги 20 минути на 200 степени.
Брзо рижото со зеленчук
Потребно време за приготвување: 25 минути
Состојки:
- 1 шолја ориз
- 1 морков
- 1 пиперка
- 1 тиквичка
- маслиново масло, сол, бибер
- пармезан (по избор)
Приготвување:
Сварете го оризот. Во тавче пропржете го ситно сечканиот зеленчук. Додајте ориз, зачини, а по желба и лажица пармезан.
ФОТО: Pixabay, Freepik