Почетна Убавина и здравјеТројца мажи и една жена ги шокирале минувачите сред бел ден – Убавина и здравје

Тројца мажи и една жена ги шокирале минувачите сред бел ден – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Туристите и локалните жители, згрозени од групниот секс сред бел ден на плажа кај Задар, бараат полицијата да реагира

Летната сезона во Далмација оваа година ќе остане обележана со еден од најскандалозните инциденти – глетка што ги згрози и туристите и локалните жители. На една од плажите кај местото Шепурина, недалеку од Задар, сред бел ден и пред очите на бројни минувачи, бил забележан групен интимен чин меѓу тројца мажи и една жена. Фотографијата од местото на настанот предизвика бура од реакции ширум регионот.

Според зборовите на сведоците, шокантната сцена се одиграла на крајбрежниот дел кој е потешко достапен – најлесно може да се стигне со чамец – но сепак станува збор за јавна површина, каде што доаѓаат многу туристи, меѓу кои и семејства со деца. Токму затоа, многу граѓани истакнале дека ваквото однесување е комплетно неприфатливо и вознемирувачко, па им се обратиле на медиумите и полицијата.

Порталот 057.info први ја објавиле спорната фотографија со коментар дека еден од очевидците одлучил да го документира инцидентот за да ги предупреди другите да го одбегнуваат тоа подрачје додека се преземат соодветни мерки. Како што велат, целта не е сензационализам, туку апел за заштита на јавниот простор и потсетување дека законот мора да биде еднаков за сите – вклучувајќи ги и туристите.

ФОТО: Инстаграм

Во коментарите што ги преплавија социјалните мрежи и порталите доминира огорченост и загриженост.


Поврзани објави

„Плажата е прекрасна, но поради вакви перверзници никој нормален не сака веќе да доаѓа“, „Ова не е само непримерно, туку и опасно – не знаеме кои се тие луѓе, дали се психички стабилни, дали може да бидат агресивни“, „Таквите работи се прават во приватност, не пред децата и семејствата“, се само некои од ставовите на шокираните граѓани.

Некои коментатори тврдат дека вакви сцени има повеќе одошто јавноста знае, особено во делови како што е поранешната касарна во Затон, каде што, како што откриваат, ваквите „екскурзии“ стануваат сѐ почести, а полицијата ретко реагира.

Според актуелните прописи во Хрватска, сексуалните односи на јавни места подлежат на законска санкција. Поранешниот закон предвидувал парични казни до 700 евра, додека новиот закон, со пошироко дефиниран дел кој се однесува на нарушувањето на моралните чувства на граѓаните, дозволува казни и до 1000 евра.

Граѓаните сега со право очекуваат од надлежните да ги идентификуваат и казнат одговорните лица, но и да се засили надзорот на ова и на сличните места, бидејќи како што истакнуваат многу родители, плажата би требало да биде безбедно и пријатно место за сите, а не сцена што шокира и остава непријатни спомени.

ФОТО: Инстаграм, Unsplash