Table of Contents
Во денешно време, кога модерните односи се често збунувачки и полни со несигурност, лесно е да западнете во стапица на врска со маж кој всушност не е подготвен за сериозна врска. Ако чувствувате дека со месеци слушате празни ветувања, а неговите постапки велат нешто сосема друго, време е да обрнете внимание на овие 5 јасни знаци.
1. Неговото однесување секогаш е „од утре“
Постојано ви зборува дека ќе се посвети на врската, дека ќе се потруди повеќе, но никогаш не презема конкретни чекори. Секогаш кога ќе се отвори сериозна тема – заедничка иднина, дефинирање на односот – тој одеднаш е „зафатен“, „не знае уште што сака“ или едноставно ја избегнува темата.
Ако постојано ви ветува дека ќе стане посериозен, а ништо не се менува, речиси е сигурно дека не ве гледа како своја сериозна партнерка.
2. Недостиг на иницијатива
Кога некој навистина се грижи за вас, ќе покаже иницијатива – ќе сака да ве види, ќе ви пишува, ќе организира заеднички моменти. Ако чувствувате дека сѐ паѓа на вашиот грб, дека вие постојано ја „туркате“ врската напред, тоа е сигнал дека тој можеби бара само опуштена забава, а не вистинска врска.
3. Го избегнува запознавањето со семејството
Маж кој има сериозни намери нема да се срами да ве запознае со своите најблиски – пријатели, семејство, колеги. Ако љубовта е искрена, тој ќе биде горд на вашиот однос и ќе сака да ве покаже пред светот. Ако постојано наоѓа изговори зошто „уште не е време“, тоа е знак дека не ве гледа како некоја што сака да ја внесе во својот живот на подолг рок.
Поврзани објави
4. Неговите постапки не ги следат неговите зборови
Можеби ви вели дека сака сериозна врска, дека ужива со вас, дека ве сака… но ако исчезнува без трага, не одговара на пораки или се однесува рамнодушно, тогаш неговите зборови не се искрени.
Врските се градат на доверба и доследност. Убаво е да слушнете убави зборови, но делата секогаш ја откриваат вистинската намера.
5. Ве држи во „сива зона“
Маж кој не е сериозен често ве држи во некоја нејасна состојба – ниту сте пријатели, ниту сте вистински партнери. Сакам да се забавува со вас, но без одговорности или јасна дефиниција на односот.
Оваа несигурност е исцрпувачка, бидејќи никогаш не знаете на што сте. Може да се однесува како да сте нешто повеќе од пријатели, но никогаш не прави чекор кон стабилна, зрела врска.
Совет:
Не верувајте на зборови, верувајте во дела. Ако тој со месеци ве држи во место, веројатно вие сте му само опција, а не приоритет. Вашата љубов и време вредат повеќе.
Текст: Убавина и здравје