Непроверените информации за можен терористички напад на линиите 2 и 6 на бриселското метро, што треба да се случи денеска, ги натераа американската амбасада во Брисел да издаде соопштение. Амбасадата наведува дека полицијата ја зголемила безбедноста поради заканата, но белгиските власти изјавуваат дека нападот е малку веројатен. Најавениот напад бил испратен во маил пораки до Европската комисија на 16 февруари и 3 март, а авторот на пораката го објаснил дека тоа е резултат на континуираната агресивна политика на ЕУ. Белгиската полиција синоќа пребарала целни локации и не била откриена закана. Засилени се и полициските патроли. Системот на јавен превоз во главниот град на Белгија веќе беше цел на напад во 2016 година кога бомбаш самоубиец уби 20 луѓе.
Според предупредувањето од американската амбасада во Брисел, постои можност за терористички напад.
84