Скопјанецот И.С. (56) бил уапсен за кражба на паричник со лични документи и пари на скопјанката М.М. (38) при качување во автобус. Полициски службеници од ЕВР – Одделение за криминалистички работи Центар – Бит Пазар го лишиле од слобода вчера околу 14.05 часот на автобуската постојка на бул. „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје. Одзетите предмети биле вратени на сопственичката, а И.С. бил задржан во полициска станица. Во спроведената кривична пријава по брза постапка, против него е поднесена насока од јавен обвинител, а од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор. И.С. бил доставен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор, информира МВР.
