Во бајките, редоследот на настаните обично оди вака: се запознавате, се заљубувате, се веривте, стапувате во брак, одите на меден месец, наоѓате куќа и живеете среќно до крајот на животот. Но животот не е бајка…
Љубовта и бракот бараат свест дека секојдневните работи влијаат на квалитетот на врската меѓу две лица и дека некои суптилни работи можат да ја уништат.
Експертите за брачно советување најчесто ги гледаат овие 5 уништувачи на врските:
1. Намерна неспособност и неодговорност
Намерната неспособност се однесува на намерно или стратешко прикажување на неспособноста или несоодветноста на поединецот со цел да се избегне одговорноста и обврските или да се манипулира друг да ги преземе и извршува нивните задачи.
Ова однесување обично резултира со тоа што сите домашни и емоционални задолженија се ставаат на еден партнер, покажа студија од 2005 година. Компетентниот партнер на крајот носи најголем дел од одговорноста, што доведува до фрустрација, исцрпеност и незадоволство.
Исто така, намерната неспособност може да се толкува како недостаток на почит кон времето и напорот на партнерот. Ова сигнализира дека едниот партнер не ги цени придонесите или заедничките цели на другиот.
Текстот продолжува на следната страна