Атрактивната македонска снаа Ема Блажевска повторно привлече внимание на социјалните мрежи, овојпат со видео на кое танцува на голем хит на фолк-пејачката Сузана Гавазова.
Ема на својот Инстаграм профил објави атрактивно видео во кое со заводливи движења го следи ритамот на добро познатата песна, а со својот танц очигледно реши да ѝ упати и директна порака на Гавазова.
„Сузана, и мене ми треба доктор“, напишала Ема, алудирајќи на стиховите од песната во која токму „докторот“ е дел од приказната.
Поврзани објави
Со својата енергија, самодоверба и впечатливи движења, Ема уште еднаш покажа дека одлично се снаоѓа пред камера, а видеото веднаш го привлече вниманието на нејзините следбеници.
Очигледно, хитот на Гавазова и понатаму знае да ги разигра и најатрактивните дами, а Ема овојпат реши тоа да го покаже пред цела јавност.