Почетна Убавина и здравјеСопругата на Владе Дивац ја шокираше јавноста по неговата несреќа – Убавина и здравје

Сопругата на Владе Дивац ја шокираше јавноста по неговата несреќа – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за



Откако Владе Дивац доживеа сообраќајна несреќа со моторот и беше итно опериран, неговата сопруга Ана Дивац се огласи на Тикток, каде што на духовит начин ја прокоментира непријатната ситуација што ја погоди нивната фамилија.

Наместо да паничи или драматизира, Ана со хумор и ведрина ѝ пристапи на ситуацијата, со што  изненади многумина на социјалните мрежи.


Поврзани објави

Додека чекам да го преминам морето со траект, се шегував со пријателите околу целава ситуација. Ми вели еден другар дека одлично би ми прилегало да сум вдовица и дека тоа баш би било „топ“. И така си се зафркаваме на таа тема, а сигурно сте го гледале оној видеоклип кога жена, по 40 години брак, ја прашуваат: ‘Како се чувствувате?’ Таа вели: ‘Супер, супер… првпат во животот можам да правам што сакам’“, раскажа Ана, па додаде:

„Мајко моја, 40 години ѝ требало за да гледа што сака на телевизија… А потоа помислувам – ѝ се смеам на неа, а којзнае колку луѓе би ми се смееле мене поради некои работи за кои ми требаа 40 години да сфатам дека ги сакам, ама не ги направив – поради разни причини. Затоа, сето тоа се само лекции. Секој има своја лекција, и она што за некого е глупаво и лесно, за друг може да биде тешко – и обратно.“

@anaqaxtjqSta jos nismo uradili a zelei smo?

♬ original sound – ana.divac

Кои се вашите лекции што дури по многу години почнавте да ги живеете? Кои се вашите желби? Или можеби сѐ уште чекате вистински момент? Јас знам само едно – вистинскиот момент е оној кога ќе го препознаеме. А кога ќе го препознаеме – веднаш треба да го искористиме. Толку.“

Да потсетиме, бившиот кошаркар Владе Дивац доживеа сообраќајна несреќа во Црна Гора, при што претрпе скршеница на колкот и беше опериран во специјалната болница „Васо Ќуковиќ“ во Рисан. Операцијата помина без компликации, а Дивац е во стабилна здравствена состојба и закрепнува во постоперативна единица.

Видео: Тикток

Фото: Printscreen Instagram