Почетна Убавина и здравјеОстанала заробена во поплавен објект, следувала драматична акција за спасување – Убавина и здравје

Останала заробена во поплавен објект, следувала драматична акција за спасување – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Турската актерка Демет Оздемир е спасена откако поради обилните врнежи од дожд останала заглавена во студио во истанбулската населба Ајазага, во округот Саријер.

По нејзиниот апел за помош, на терен излегле бројни спасувачки екипи, кои започнале акција за евакуација.

Поради силните дождови, подрачјето во кое се наоѓала зградата било поплавено, а спасувачите со чамец пристигнале до објектот во кој актерката била заглавена.

По спроведената спасувачка акција, Демет била успешно евакуирана од поплавеното подрачје.

Како што пренесуваат турските медиуми, во акцијата учествувале екипи на АФАД, УМКЕ, пожарникари, Крајбрежната стража, како и спасувачките служби САК и АКУТ.

Актерката се огласи на Инстаграм

Демет Оздемир во текот на ноќта се огласила на Инстаграм, каде што им се заблагодарила на спасувачките екипи што излегле на терен, но и на сите што се интересирале за нивната безбедност и им давале поддршка.

„Екипите почнаа да пристигнуваат. Голема благодарност до сите што работат на терен, предводени од Крајбрежната стража, Здружението за пребарување и спасување и Жандармеријата, како и до сите што нè контактираа во текот на целата вечер и направија да се чувствуваме безбедно.

Спасувачките активности продолжуваат, сите се евакуираат во групи и така ќе продолжи и понатаму.

Се надевам дека сите луѓе и сите живи суштества ќе бидат извлечени од оваа катастрофа без никакви последици и повреди“, напишала актерката.