Пејачката откри дека баладата му е посветена на покојниот сопруг Аркан, а дел од текстот првпат го слушнала додека седела покрај неговиот гроб
Една од најемотивните балади на Светлана Цеца Ражнатовиќ, песната „Пиле“, крие длабока и трогателна приказна која директно е поврзана со нејзиниот живот. Како што откри самата пејачка, песната е посветена на нејзиниот покоен сопруг, Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Цеца раскажа дека стиховите на рефренот настанале токму додека таа се наоѓала на неговиот гроб.
Седев таму, пушев цигара и разговарав со него во мислите. Тогаш ми се јави Марина Туцаковиќ – рече дека конечно го напишала рефренот. Кога ми ги отпеа стиховите, низ телото ми помина трепет. Тоа беше тој момент“, се присетува пејачката.
Поврзани објави
Иако на почетокот продуцентот Мили бил збунет од зборот „пиле“ во текстот, мислејќи дека е несериозно, Марина всушност симболично го претставила срцето на Цеца како нежно, покиснато пиле. Песната добила длабоко значење и станала препознатлива по искрената емоција што ја носи.
Секој ја доживува песната на свој начин, но за мене таа е лична приказна, моја болка и моја љубов. Таа песна сум јас“, завршува Цеца со треперлив глас.
printskrin Youtube-Telegraf.rs TV