Пејачката откри дека има одличен однос со поранешниот сопруг Дарко Лазиќ и со неговата нова сопруга
Ана Севиќ, пејачка и водителка, вели дека е среќна што по сè што поминале, таа и поранешниот сопруг Дарко Лазиќ успеале да останат во добри односи. Иако разводот во 2018 година беше бурен, денес се трудат да функционираат како пријатели, со заедничка грижа за нивната ќерка, Лорена.
Сè можеше вака да биде и од почеток, но нормално е дека треба да помине време. Благодарна сум што сме сега тука каде што сме. И Дарко има огромна почит кон мојот сопруг Даниел, кој е секогаш тука за Лорена, и тоа е заедничко почитување“, изјави Ана.
Таа истакна и дека одлично се разбира со новата сопруга на Дарко, Катарина, со која дури и поминува време во заеднички друштва.
Поврзани објави
Се смееме, се шалиме… Секој има своја нова среќа, и баш ни е убаво“, додаде Ана.
Нејзината порака е јасна – сè зависи од луѓето и нивната зрелост.
Пред сè, ние бевме пријатели, и така и останавме. Така и требаше да биде“, вели Ана со насмевка.
printskrin Youtube-ALO. RS