Применете ја оваа техника за посреќен живот, што ја осмислил познатиот животен тренер и претприемач Пол Џ. Мејер, а која се базира на знаењето на тибетските будисти.
Прво, нацртајте круг на лист хартија и поделете го на осум дела – секој од нив треба да претставува важен аспект од вашиот живот. Најчесто, тоа се следниве области: работа, пари, здравје, пријатели и семејство, емотивни односи, личен развој, забава и рекреација, дом.
Потоа, анализирајте го секој аспект посебно. Запрашајте се колку е важен тој дел од вашиот живот, колку сте задоволни од него и оценете го секој поединечно од 1 до 10.
Поврзани објави
Потоа, поврзете ги точките така што ќе создадете геометриска форма, која ќе се разликува во зависност од оценките.
Ако добиената фигура е многу мала, би требало да ги реорганизирате вашите приоритети, бидејќи не сте многу задоволни од вашиот живот. Ако фигурата е голема, честитки, треба да им обрнете внимание само на аспектите што имаат пониски оценки.
Текст: Убавина и здравје
Фото: Getty Images