Почетна Убавина и здравјеНе излегува од дома без шминка поради ОВА – Убавина и здравје

Не излегува од дома без шминка поради ОВА – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Оваа млада Италијанка си ја отворила душата за својата животна борба

Nevos of Ota е бенигно кожно заболување. Тоа е форма на хиперпигментација, која се појавува на лицето, најчесто на белките на очите. Исто така, може да се појави на челото, носот, образите, околу очите и слепоочниците. Изгледа како сино-сива дамка на лицето.

Карлота Бертоти се родила со Nevos of Ota на лицето и оваа тајна, која ја криела под слоеви и слоеви шминка, ѝ предизвикувала несигурност, но истовремено и ѝ ја зголемила самодовербата.

Во искрен разговор за birghtside.me, Карлота си ја отворила душата, присетувајќи се на тешкиот пат што го поминала пред да се прифати себеси. Започнала да користи шминка уште на осум години. За неа, тоа не било избор, туку борба за опстанок. Секое утро поминувала два часа нанесувајќи шминка, а овој ритуал станал нејзиниот штит од светот.

Борбата на Карлота не се сведувала само на физичкиот изглед. На само 12 години била дијагностицирана со менингиом, бенигнен тумор кој ѝ предизвикал парализа на лицето и сериозно ѝ го загрозил здравјето. Нејзината борба за живот ја вовлекла во мрак, ѝ ја срушила самодовербата и сопствената вредност. Таа се присетила дека се разбудила на интензивна нега по две недели медицински предизвикана кома, а нејзиното лице било парализирано. Кога се погледнала во огледало, ѝ се причинило дека гледа чудовиште.

За време на тинејџерските години, оваа прекрасна млада девојка била преплавена со несигурности и посегнувала по очајни мерки за да изгледа како нејзините врснички. Од комплицирани рутини за шминкање до специјално направени контактни леќи, таа барала спас во краткорочни решенија, за на крајот повторно да се соочи со разочарување и тага.

Признала дека пробувала сè за да се вклопи. Но што и да направела, се чувствувала како отпадник, недостојна за љубов и прифаќање.


Поврзани објави

Љубовните односи на Карлота ги одразувале нејзините длабоко вкоренети несигурности, бидејќи таа западнала во токсичен однос со маж кој бил 13 години постар од неа. Нивната љубов била токсична, посесивна и полна со неверства. Очајно барала потврда и прифаќање и правела сè за да му угоди, уверена дека тоа е единствениот пат кон љубовта.

Наместо да ја потврди нејзината вредност, тој постојано ја рушел нејзината ниска самопочит, критикувајќи ги дури и нејзините најмали физички мани. Неговите навредливи зборови ѝ одекнувале во мислите и покренувале деструктивен циклус на сомнежи и чувства на пониска вредност. Причината за неговите неверства ја барала во сопствените недостатоци.

Сепак, среде темнината, се појавила искра надеж. Во 2018 година, Карлота донела клучна одлука – да ги прифати своите несовршености и да ја сподели својата приказна со светот. Оттогаш, таа има стекнато лојална публика на социјалните мрежи (има повеќе од 340.000 следбеници на Инстаграм) и ги освои луѓето со својата автентичност и сила.

Нејзиното патешествие е крунисано со објавувањето на книгата Incancellabile, како доказ за моќта на љубовта кон себе.

ФОТО: Инстаграм