Почетна Убавина и здравјеМоника Белучи го одбележа својот 61-ви роденден – и понатаму икона на стилот и убавината

Моника Белучи го одбележа својот 61-ви роденден – и понатаму икона на стилот и убавината

од nenad
1 минути читај за

Италијанската актерка и модел Моника Белучи, една од најголемите европски икони на убавината, на 30 септември го прослави својот 61-ви роденден. Родена во 1964 година во Чита ди Кастело, Белучи повеќе од три децении плени со својата актерска игра и ненадминлив шарм на големото платно.

Иако ја има изградено својата кариера во филмови како Malèna, Matrix Reloaded, The Passion of the Christ и Spectre, таа останува инспирација и симбол на елеганција и женственост. Белучи последниве години е повторно во центарот на вниманието и поради врската со режисерот Тим Бартон, со кого често се појавува на јавни настани.

И на 61 година, Белучи останува доказ дека возраста не ја намалува харизмата – напротив, ја засилува нејзината аура на вечна убавина и класа.

Денот го одбележа во интимен круг, без гламурозни журки, но со многу честитки од колеги и обожаватели ширум светот кои ѝ посакаа уште многу години успех и инспирација.