Почетна Убавина и здравјеСе приготвува за миг, а сите ќе ви бараат репете! – Убавина и здравје

Се приготвува за миг, а сите ќе ви бараат репете! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Ви откриваме рецепт за највкусната вечера – потпечени палачинки

Еднаш кога ќе го пробате ова јадење, секогаш ќе ги приготвувате палачинките на овој начин. Уживајте во богатите вкусови!

Состојки:

За пирето:

  • 500 г компир
  • путер
  • 100 мл млеко

За палачинките:

  • 2 јајца
  • 200 мл млеко
  • 200 мл вода
  • 200 г брашно
  • 2 лажици масло
  • прстофат сол


Поврзани објави

За филот:

  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 250 до 300 г пилешко филе
  • сув зачин, бибер, оригано, кари, масло
  • 200 г рендан кашкавал
Приготвување:

Најпрво пригответе пире, така што во сварениот компир ќе додадете путер и млеко, па убаво ќе изматите. Додајте зачини по вкус.

Пригответе палачинки од горенаведените состојки, па пригответе го и филот така што ќе исечкате кромид, ќе изрендате морков и пилешко филе, па ќе ги пропржите на малку масло. Додајте зачини како бибер, оригано, кари.

Преку палачинките нанесете пире, па додајте од филот и завиткајте ги како сарма. Редете ги во намрсен огноотпорен сад, една до друго. Одозгора додајте 200 г рендан кашкавал. Потпчете ги во загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути.

ФОТО: Oleg Saprykin / Unsplash