Пејачката Милица Павловиќ ја шокираше јавноста со остриот и непрофесионален однос кон свој соработник, што може да се види на видео што се појави на социјалната мрежа TikTok.
На снимката, за која се претпоставува дека е направена за време на проба, Милица изразува незадоволство поради тоа што преку мониторингот ѝ се обраќал 17-годишен младич по име Лука.
Видливо изнервирана, таа јавно, пред целата екипа, му се обрати на начин што многумина го оценија како понижувачки и арогантен.
Немој да пушташ дечко од 17 години, кој е супер, да ми се обраќа! Нему едноставно не му е местото да ми се обраќа! Лука, не можеш да ми се обраќаш!“ – се слуша на видеото.
Поврзани објави
@mix_965 #viral #foryoupage ♬ original sound – mix
Видеото предизвика бурни реакции – дел од публиката жестоко ја осуди Милица за однесувањето, додека други тврдат дека исечокот е изваден од контекст и не ја прикажува целата ситуација.
Видео: Тикток