Почетна Убавина и здравјеВоодушевува со изгледот! – Убавина и здравје

Воодушевува со изгледот! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Легендарната актерка Хелен Мирен се појавила во издание што воодушевува

Легендарната актерка Хелен Мирен уште еднаш покажала дека стилот, младоликоста и харизмата не знаат за години. На изложбата на накит „Картие“ во Музејот на Викторија и Алберт во Лондон, „оскаровката“ (79) се појавила во елегантен црвен фустан, бел купат и, она што на сите им паднало в очи – едноставна, но ефектно венче за коса.

И токму тој моден детаљ направил голема разлика.

Со венчето во косата, Хелен не само што изгледала освежено, туку и неверојатно младолико – речиси 15 години помладо. Зрачела со самодоверба, но и со доза на игривост – а токму тоа публиката со децении го обожава кај оваа актерска икона.

Хелен Мирен одамна е позната по тоа што ја прифаќа староста со отворено срце и со гордост ги носи своите брчки. Ботоксот не е нејзин избор – го пробала, но не се пронашла во тоа.


Поврзани објави

„Моето лице изгледаше како маска и не се препознавав веќе“, изјавила таа, па одлучила да му остане верна на природниот изглед.

Во интервју за „Вог“ во 2023 година, открила дека обожава да ги шокира луѓето во седмата деценија од животот, помеѓу другото и со експериментирање со тетоважи – како малата тетоважа на раката што ја тетовирала како симбол на слободата и бунтот.

„Староста ми донесе повеќе самодоверба. Денес можам да бидам тоа што сум, без да се извинувам“, рекла тогаш.

А сега, со венче и насмевка, покажала дека младоста не зависи од годините, туку од ставот. Погледнете како изгледала ТУКА.