Студентскиот пленум повика граѓаните да останат во темнина од 20 до 21 часот како симбол на колективна тага
Студентскиот пленум упати апел до сите граѓани вечерва, од 20 до 21 часот, да ги исклучат светлата во своите домови како симболичен чин на почит кон жртвите од трагичниот настан во Кочани. Овој гест има за цел да го отслика „мракот кој нè обви“ по невидената трагедија.
Ве повикуваме сите – во секој град, село, населба и маало – да го покажеме мракот што нè обви и да ги оставиме улиците празни. Нека молкот зборува – во чест и сеќавање на оние што прерано заминаа“, се наведува во апелот споделен на социјалните мрежи.
Трагедијата во Кочани одзеде 59 животи, а денеска беа одржани погреби за настраданите. Голем број повредени се хоспитализирани во македонските болници, но и во странство.
Поврзани објави
Во претходните денови, студентите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организираа заеднички часови и собири во знак на почит кон жртвите, каде што палеа свеќи и се потпишуваа во книга на жалост.
Овој симболичен чин на исклучување на светлата е уште еден начин за заедничко изразување на солидарност и сочувство кон семејствата на загинатите и повредените во оваа трагедија.
Фото: принтскрин социјални мрежи и Јутјуб