Постојан тренд на зголемена употреба на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата покажуваат новите податоците за платежната статистика за трите квартали од 2024 година објавени од Народната банка на Република Северна Македонија.
„Во трите квартали од 2024 година се забележува значителен годишен раст кај бројот и вредноста на платежните трансакции на граѓаните во трговијата во земјата. Вкупните трансакции со картички во земјата и во странство издадени од домашните и странски даватели на платежните услуги, пораснале за 11.3 отсто по број и за 13.6 посто по вредност.
Вредноста на трансакциите на места на продажба за е-трговија изнесуваат 522.5 милиони евра и преставува 9.1 отсто од вкупните трансакции и преставува раст од 7.5 посто во однос на истиот период минатата година. При тоа овој пораст се должи во главно на растот на вредноста на трансакциите направени во странство од домашни иматели на платежни картички кој изнесува 39.7 отсто. Вредноста на направените трансакции кон домашни е-трговци забележува пад од 6.7 посто“, се наведува во соопштението од Асоцијацијата за е-трговија.
Оттаму посочуваат дека доколку се има предвид дека готовината при достава (Cash on Delivery – CoD) доминира како најчест начин на плаќање во е-трговијата, и тоа според последните податоци на Findex (2021) 47 отсто од македонските онлајн купувачи се потпираат на плаќање во готово, а кај домашните е-трговци постои опцијата за готовина при доставата, што не е случај кај странските е-трговци, може да се каже дека се уште готовината доминира при онлајн плаќањето.