Почетна ЕкономијаВо Македонскиот народен театар на 19 јули ќе се одигра премиерата на претставата „Лов на дива свиња”

Во Македонскиот народен театар на 19 јули ќе се одигра премиерата на претставата „Лов на дива свиња”

од nenad
1 минути читај за

Во Македонскиот народен театар на малата сцена на 19 јули со почеток во 20:30 часот, во рамки на фестивалот „Скопско лето” ќе се одигра премиерата на претставата „Лов на дива свиња” од црногорската современа писателка Марија Сарап, а во режија на Наташа Поплавска.

По потпишувањето на меморандумот за соработка, претставата ќе се реализира во копродукција помеѓу Македонскиот народен театар, Градското позориште од Подгорица и Здружението за развивање на уметност и културна соработка „Арт Медиа” од Скопје. Во претставата учествува актерска екипа од двете земји: Ана Стојановска, Искра Ветерова – Славенска и Мина Јелушиќ-Јериниќ од Македонија, како и Ѓоргије Татиќ и Вукан Пејовиќ од Црна Гора.

Премиерната изведба во Подгорица, Црна Гора, е планирана за септември. Претставата е дел од Националната програма за култура за 2025 година и финансиски е поддржана од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија и од Градот Подгорица, Црна Гора, како и од компаниите: „Виталиа” од Скопје, хотелот „Мериот” и рестораните „Дистрикт”, „Тренд” и „Шпајз”.