Почетна Убавина и здравјеОвој тест на личноста ги открива и тајните што ги криете од себе – Убавина и здравје

Овој тест на личноста ги открива и тајните што ги криете од себе – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Овој тест на личноста ќе ви открие кои се најголемите пречки во вашиот живот

Одговорите на овие четири прашања ќе ви дадат некои објаснувања за вашата личност и за тоа како функционира вашата потсвест.

1. Замислете си дека нуркате во море и додека го истражувате подводниот свет, одеднаш забележувате сирена. Која боја е нејзината опашка?

2. Морската сирена не е единствената што ја среќавате на дното на морето, покрај вас штотуку помина една риба. Каква е таа?

3. Малку понатаму наоѓате школки. Како изгледаат? Дали формата им е едноставна или се необични, можеби спирални како полжав?

4. Решивте да излезете и стигнувате на плажата. Колку луѓе гледате?


Поврзани објави

Решенија:

1. Бојата на сирената покажува колку сте дружељубиви. На пример, ладните бои, како зелена и сина, означуваат срамежливост, додека топлите бои, како жолта и црвена, означуваат отвореност.

2. Рибата открива нешто за начинот на којшто ги решавате конфликтите. Доколку е безопасна, тоа значи дека вие останувате на своето мислење, дури и кога сите други ви противречат. Доколку станува збор за грабливка, тоа значи дека се плашите од конфликти и брзо попуштате.

3. Школката кажува за тоа колку сте отворени во односите со другите луѓе. Едноставната форма и вообичаените бои значат дека брзо можете да му се отворите некому, додека необичната форма и шарените бои покажуваат дека сте прилично затворени и дека своите проблеми претпочитате да ги решавате сами.

4. Луѓето на плажата ги претставуваат вашите пријатели. Ако видовте повеќе луѓе, имате многу пријатели, но ако има само неколку, веројатно имате неколку вистински пријатели. Доколку на плажата нема никој, може да се каже дека не им верувате на луѓето и повеќе сакате да живеете како волци самотници.

ФОТО: abhijeet gourav / Unsplash