Многу е важно да ги консумирате поради нивниот благотворен ефект на организмот
Поради празниците, многумина имаат зголемена желба за храна, бидејќи така прославите налагаат. Постојано се јаде нешто, а понекогаш луѓето знаат и да претераат малку. Но гастроентеролозите имаат решение. Имено, тие препорачуваат две јадења.
„Наутро треба да јадете супа, која ќе ви даде течности, сол и антиоксиданси. Ако сте пиеле виски, веројатно многу сте мокреле, а сте внесувале малку течности. Во тој случај, телото колабира.
Не е научно докажано, но постојат многу докази дека пилешката супа подобро го закрепнува организмот од оние направени со јунешко месо. Притоа, пилешката супа никако не треба да се приготвува од бело месо, туку од батак и карабатак. Тие делови содржат многу протеини, аминокиселини, ниска количина на влакна и многу малку маснотии.“
Експертите препорачуваат да додадете и рен во супата, бидејќи тоа е антиоксидативен ензим што прочистува.
Поврзани објави
Според нив, внесувањето преголема количина на храна претставува антиоксидативен удар, стрес, а ренот е тука за да го сопре тој удар. По супата, може да јадете манџа со говедско месо.
„Манџата треба да содржи малку компир, целер, пашканат, кромид. Кромидот содржи хемиско соединение што се нарекува инулин, а тоа е важен пробиотик. Готвењето ја уништува неговата лута материја и така се поттикнуваат добрите бактерии, кои со своите својства му помагаат на мозокот подобро да функционира“, заклучуваат експертите.
ФОТО: Henrique Felix / Unsplash