Почетна Убавина и здравјеГо снижува притисокот и го нормализира шеќерот – Убавина и здравје

Го снижува притисокот и го нормализира шеќерот – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Медитеранската исхрана важи за најдобра, бидејќи му помага на телото да се избори со повеќе болести

Доброто здравје е првата и најчестата желба за Нова година кај повеќето луѓе. На оние што одлучиле да го земат здравјето во свои раце, им предлагаме да почнат од исхраната. Притоа, не мислиме на држење диета, туку на начин на исхрана.

Водени од мислата „здравјето влегува низ устата“, повеќето луѓе сакаат да започнат со здрави животни навики во новата година. Па затоа, ви го препорачуваме она што докторите им го кажуваат на речиси сите пациенти – медитеранска исхрана.

Седум години по ред, медитеранската исхрана се смета за најздравиот и најдобриот начин на исхрана, додека нутриционистите ширум светот тврдат дека токму овој начин на исхрана е најкорисен за семејствата. Се базира на растителна храна, мешунки, незаситени масти и морски плодови и јадењата се едноставни за приготвување.

Зошто медитеранската диета е толку добра?

Нутриционистите ширум светот се согласуваат дека токму медитеранската исхрана е најдобра за дијабетес, за слабеење, за здравје на коските и зглобовите, за здравје на срцето, а и најлесно е да се практикува.

Пример мени за медитеранска диета:

Појадок: Парче ржан леб, 1 сардина, 1 домат, 1 пиперка, 1 краставица.


Поврзани објави

Направете салата од зеленчукот, која ќе ја зачините со сол и маслиново масло и изедете ја со сардина од конзерва и парче ржан леб.

Ужина: 1 грст јаткасти плодови

Ручек: 1 чинија чорба со 1 чинија свежа салата. Од чорба, можете да јадете грашок со јунешко месо, грав со малку сланина, боранија…

Ужина: 1 јаболко или овошје по избор

Вечера: Парче ржан леб, малку младо сирење, варени брокули со маслиново масло, 1 шолја доматен сок.

Медитеранската диета не е нешто до кое треба да се придржувате неколку месеци додека симнете килограми. Тоа е начин на исхрана што дава добри резултати доколку почнете постојано да се храните според овој принцип.

Покрај изборот на здрави и свежи намирници, овој начин на исхрана предлага и умерено консумирање храна. Тоа значи да престанете да јадете кога ќе почувствувате дека желудникот ви е 80 отсто полн.

ФОТО: Farhad Ibrahimzade / Unsplash