Познатиот актер Милан Васиќ по крштевката на својот син Деспот, ужива на Шар Планина, каде што го дочека и првиот снег. Тој емотивен момент го сподели и на социјалните мрежи.
Имено, на големиот христијански празник Крстовден, Васиќ и сопругата Маја го крстија нивниот син Деспот, кој се роди во јули оваа година.
По убавата семејна свеченост, семејството се упати на Шар Планина, од каде актерот објави фотографија која ги стопли срцата на многумина.
На сликата Милан нежно го држи малиот Деспот во прегратка, додека момчето низ прозорецот со восхит го гледа првиот снег во својот живот.
Поврзани објави
„Нашиот прв снег и тоа баш таму каде што треба – на Шар Планина,“ напиша актерот во описот на фотографијата.
Милан и Маја отворено зборуваат за предизвиците и радостите на родителството, а на социјалните мрежи често се шегуваат дека Деспот го сменил нивниот досегашен ритам – сега тој е тој што го диктира темпо.
Фото: Инстаграм Принскрин