Пејачот достави документација за сообраќајката на Нов Белград, а истрагата продолжува под надзор на јавното обвинителство.
Дарко Лазиќ се појави во полициската станица каде што, по налог на надлежното јавно обвинителство, предаде документи поврзани со сообраќајната несреќа во која учествуваше. Како што откри репортерот Младен Мијатовиќ, меѓу предадените материјали се наоѓа и чешката возачка дозвола со која управувал автомобилот „мерцедес“ во моментот на инцидентот.
Според Мијатовиќ, Лазиќ доставил и своја писмена изјава, лекарски извештај од болницата каде што бил згрижен по несреќата, како и целосен извештај за настанот. Сета документација е проследена до Третото основно јавно обвинителство во Белград, кое ја води истрагата.
По повод написите во медиумите, пејачот се огласи и истакна дека не ја признал вината.
Поврзани објави
Ниту процесот е завршен, ниту јас сум признал вина. Кога ќе има конечен епилог, тогаш ќе зборувам повеќе,“ изјави Лазиќ.
Да потсетиме, Дарко и неговата сопруга Катарина неодамна доживеаја несреќа кај Генекс, додека се враќале од промоција на песна на Тијана Матиќ, сестра на Катарина. Анализите утврдија дека Лазиќ во моментот на судирот имал 1,93 промили алкохол во крвта, и покрај неговите тврдења дека не бил пијан.
printskrin youtube – darko lazic