Почетна Убавина и здравјеГи носи и со свечени фустани и со лежерни стајлинзи! – Убавина и здравје

Ги носи и со свечени фустани и со лежерни стајлинзи! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Мараја Кери гордо ги истакнува своите облини во смели модни комбинации

Познатата пејачка Мараја Кери претпразничниот период го поминува во планинското одморалиште во Аспен, Колорадо, а во текот на денот менува по неколку модни комбинации – единствено чизмите не ги менува.

Имено, станува збор за бели обувки со високи потпетици, а посебен детаљ е крзното на врвот на чизмите.

Големата светска ѕвезда прво ги обула за дневна прошетка со црвен фустан од трикотажа, додека уживала во купувањето подароци. Стајлингот го заокружила со бела капа и ракавици.

ФОТО: Принтскрин


Поврзани објави

Меѓутоа, истите чизми ги обула и со светкав фустан, па со насмевка ги поздравувала папараците додека била на шопинг во продавница на „Гучи“. Стајлингот го надополнила со елегантен ѓердан и многу слична бела капа.

Како ви се допаѓа овој модел на чизми?

ФОТО: Инстаграм