Славниот актер Карел Страјкен денес изгледа непрепознатливо
Ѕвездата од еден од најголемите филмови во 1990-тите, „Семејството Адамс“, Карел Страјкен, бил фотографиран во непрепознатливо издание.
Имено, 76-годишниот Страјкен бил виден во Лос Анџелес, каде што пазарел во супермаркетот Trader Joe’s, 33 години по неговата најпозната филмска улога.
Неговата висина, која е резултат на акромегалија – нарушување што предизвикува прекумерно растење на делови од телото – станала неговиот заштитен знак и му овозможила да игра специфични улоги.
Болеста што му била дијагностицирана доведува до абнормално големи раце и стапала, а оние што се соочуваат со оваа состојба може да се соочат и со симптоми како замор и тешкотии во спиењето, постепени промени во цртите на лицето, промени на кожата, продлабочување на гласот и болка во зглобовите.
Поврзани објави
Се чини дека годините си го направиле своето, па 76-годишниот актер не може да оди никаде без помагало.
Инаку, актерот е оженет со Американка, чиј идентитет го чува во тајност. Живеат во Лос Анџелес со нивните две деца.
Погледнете ги сите фотографии од Карел Страјкен ТУКА.
ФОТО: Принтскрин / dailymail.co.uk