Почетна ЕкономијаТурција ги суспендираше сите комерцијални врски со Израел

Турција ги суспендираше сите комерцијални врски со Израел

од nenad
1 минути читај за

Како реакција на дејствијата на Израел во Газа, Турција ги суспендираше сите комерцијални врски со Израел и го забрани преминувањето на израелските авиони низ нејзиниот воздушен простор, објави денес министерот за надворешни работи, Хакан Фидан.

“Целосно ја прекинавме трговијата со Израел”, изјави Фидан на собраниска седница посветена на ситуацијата во Газа, одржана во Анкара. Тој исто така додаде: “Ги затворивме нашите пристаништа за израелските бродови”. “Не им дозволуваме на турските бродови да пловат кон израелски пристаништа”.

Фидан информираше дека Турција “не им дозволува на контејнерските бродови што пренесуваат оружје и муниција за Израел да пловат кон нашите пристаништа, ниту пак дозволуваме авиони да летаат во нашиот воздушен простор”. Според информациите на ДПА, ниедна друга држава не ги прекинала целосно трговските односи со Израел.

Овие мерки се дел од обемен пакет на дипломатски, правни и финансиски чекори што Анкара ги презема како одговор на судирот во Газа, појасни Фидан. Турција континуирано ја окарактеризира војната во Појасот Газа како “геноцид”.

Според податоците од Министерството за здравство под контрола на Хамас, кои генерално се сметаат за веродостојни, повеќе од 62.000 Палестинци загинаа во овој конфликт.

Турција претходно најави ограничувања во трговијата со Израел и потврди дека трговската размена е во прекин од мај 2024 година. Според Турскиот институт за статистика, обемот на трговијата меѓу Турција и Израел во 2023 година достигна седум милијарди долари.
јт/Фото: МИА архива .

Извор: МИА