Ќерката на Здравко Чолиќ ужива на Ибица, а фановите не можат да ги свртат очите од нејзиниот заводлив изглед.
Ќерката на пејачот Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ, сподели провокативни фотографии од својот одмор во Шпанија. Таа се фотографираше на јахта во кратко здолниште и тесна маичка со длабоко деколте, кое ги истакнува нејзините природни гради. Стилот го надополни со дискретна шминка и очила за сонце.
Уна ужива на Ибица заедно со пријатели и својот партнер, кој е десет години постар од неа и се држи подалеку од јавноста. Иако често споделува детали од својот живот на Инстаграм, нејзиниот татко не секогаш е среќен со тоа.
Поврзани објави
Уна само нешто фотографира. Јас ја казнувам, не ми се допаѓа, но не можам да ѝ забранам. Таа едноставно сака да комуницира со луѓето и да се фотографира“, изјави Здравко Чолиќ за медиумите.
И покрај тоа, пејачот призна дека е горд што неговата ќерка е отворена и самостојна, додека фановите со восхит ја следат на социјалните мрежи. Овие фотографии повторно ја ставаат Уна Чолиќ во центарот на вниманието.
printskrin Youtube – blic colic