На Новите Бежаниски гробишта денеска ќе се одржи шестмесечниот помен за поранешниот директор на „Гранд продукција“.
Денес се навршува точно шест месеци од смртта на легендарниот музички продуцент и долгогодишен директор на „Гранд продукција“ – Саша Поповиќ. Тој почина на 1 март по долга и тешка болест, оставајќи зад себе празнина што времето, како што вели неговото семејство, не може да ја избрише.
Во знак на сеќавање, неговата сопруга Сузана Јовановиќ, ќерката Александра, синот Даниел и снаата Тијана објавија трогателна порака.
Пројде половина година откако не си со нас, а секој ден без тебе е потивок, по празен и потежок. Времето не лечи, само нè потсетува колку ни недостигаш. Не беше само дел од нашиот живот, туку негово срце“, пишува во пораката на семејството.
Поврзани објави
Шестмесечниот помен ќе се одржи денеска, со почеток во 12 часот. Настанот ќе започне со парастос, на кој ќе присуствуваат најблиските, пријатели и соработници кои сакаат да му оддадат почит.
Ги покануваме сите кои сакаат да му оддадат последна почит, да се придружат во молитвата и заедно со нас да ги споделат моментите на сеќавање“, порача Сузана Јовановиќ, нагласувајќи дека споменот на Саша Поповиќ ќе остане вечно жив.
printskrin Youtube – k1 tv sasa popivc